АВТОМОБИЛОТ КОЈ СЕ УДРИ ВО ПОРТАТА НА МЕРКЕЛ Е КОРИСТЕН ВО 2014 ВО ИСТИОТ НАПАД: Еве ја пораката што ја напиша тогаш (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Истиот вид автомобил што утрово удри во портата на седиштето на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, беше користен во сличен напад пред 6 години.

Имено, црн караван Фолксваген, со порака „Нема повеќе убивање луѓе со климатски промени“, ја удри портата на седиштето на Ангела Меркел во февруари 2014 година.

Од нејзината друга страна е пораката „Никол, те сакам“, потсетува германски Билд.

48-годишниот возач потоа беше испрашуван од полицијата по инцидентот во кој нема повредени.

Како и тогаш, во утринскиот напад што се случи во 10 часот, црниот автомобил имаше политички пораки испишани со бела боја.

„Запрете ја глобалистичката политика“ е напишано со бели букви на задната десна страна од возилото. Од другата страна е пораката „Проклети убијци на деца и стари лица“.

Слични содржини