Автомобил паднал во река, нуркачи извлекувале тела од река: Тешка несреќа во Хрватска

од Milan1
28 прегледи

Три лица загинаа во среда навечер во тешка сообраќајна несреќа во градот Подградина во општина Силвно, откако автомобилот излетал од патот и завршил во реката Мала Неретва, дознава „Метковиќнет“.

Сите служби веднаш излегле на терен, но непостоел начин да се спасат луѓето.

„Во коритото на реката Мала Неретва, нуркачите пронајдоа возило превртено на покрив. Со помош на кран за влечење, автомобилот беше извлечен од реката во 01:30 часот“, соопшти полицијата.

Телата биле пронајдени на задното седиште од возилото, пишува 24sata.hr.

Починатите лица се родени во 1977, 1948 и 1964 година, сите со живеалиште во Комин, Плоче.

Слични содржини