Автомобилската индустрија и енергетиката го поттикнаа растот на индустриското производство во Германија

Споредбата по тромесечја дополнително го потврдува позитивниот развој на настаните - производството во периодот март-мај било 1,4% поголемо отколку во претходниот квартал.

од desk2
8 прегледи

По разочарувачките податоци од претходните месеци, Германија во мај забележала изненадувачки раст на индустриското производство, благодарение, пред сѐ на засилената активност во автомобилската индустрија и енергетскиот сектор.

Според соопштението на Сојузното статистичко биро, во мај индустриското производство пораснало за 1,2% во однос на парил, што е значително повеќе од очекувањата на аналитичарите што ги анкетираше Ројтерс. Тие прогнози велеа дека нема да има промена во однос на претходниот месец (0,0%).

Споредбата по тромесечја дополнително го потврдува позитивниот развој на настаните – производството во периодот март-мај било 1,4% поголемо отколку во претходниот квартал.

Сепак, ревидираните податоци за април покажуваат дека падот на индустриското производство тогаш било поголемо отколку што на почетокот се проценувало: -1,6%, а првичната проценка била 1,4%.

Од друга страна, индустриските нарачки во мај забележале пад од 1,4%, со што е прекинат нагорниот тренд од претходните месеци. Главната причина за оваа појава, вели статистиката, е намалената побарувачка од земјите на еврозоната.

Сепак, иако краткорочните податоци за производството се охрабрувачки, останува да се види дали станува збор за економско закрепнување што ќе потрае или пак станува збор за привремен отскок од повеќемесечната стагнација во најголемата економија во Европа.

Слични содржини