Автономните такси се однесуваат како луѓе: Добиле доста казни за непрописно паркирање!

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Во Сан Франциско компанијата Waymo превезува патници со своите автономни такси возила, без возачи. На пат ги има 300, а со толку возен парк доаѓаат и сообраќајните прекршоци. Никој не е имун на зло, дури ни вештачката интелигенција. Некој морал да ја програмира, нели?

„Вашингтон пост“ објави дека автономните такси добиле 589 казни во вкупна вредност од 65.065 долари за непрописно паркирање минатата година. Наводните прекршувања се движат од блокирање на сообраќајот до ограничување на пристапот до услугите за чистење улици и паркирање во забранети области.

Портпаролот на Waymo рече дека компанијата работи на решавање на проблемот. Да бидеме искрени, тоа не е голема бројка, бидејќи минатата година во Сан Франциско беа издадени дури 1,2 милиони билети за непрописно паркирање. Но, интересно е затоа што покажува дека дури и автономните автомобили – прават грешки!

Слични содржини