Авторите на „Игра на тронови“ сепак нема да снимаат нова „Војна на ѕвездите“

од desk4
408 прегледи

Креаторите и автори на „Game of Thrones“ (Игра на тронови) неодамна најавија дека ќе снимаат нова трилогија од „Star Wars“ (Војна на ѕвездите), но сепак се предомислија.

Ова се случило откако потпишале ексклузивен договор со Нетфликс за оригинално шоу. Дејвид Бениоф и ДБ Вајс сметаат дека немаат доволно време да се посветат на двата проекта, па приоритет му дале на Нетфликс.

Сепак, истакнале дека преговарале со Џорџ Лукас за нова трилогија што требаше да почне во 2022 година.

„Ги сакаме ‘Star Wars’, кога Лукас го создаде тој свет, нè создаде и нас“, истакнале тие во соопштение за јавноста.

Претседателката на Лукасфилм, Кетлин Кенеди истакнала дека секогаш се отворени да соработуваат со ова успешно продуцентско дуо и дека се надева дека подоцна тие сепак ќе се приклучат на новиот проект поврзан со познатата сага.

Сепак, фановите на „Game of Thrones“ не би се согласиле со неа. Тие бараа одново снимање на последната сезона, бидејќи Бениоф и Вајс докажале дека се некомпетентни да ја завршат работата како што треба.

Слични содржини