Од премиерот Дејвид Камерон до авторката на “Хари Потер”, многумина истакнати Британци го критикуваа денеска предлогот на Доналд Трамп да им се забрани на муслиманите пристап во САД.

Камерон изјави дека целосно не се согласува со предлогот на Трамп, кој според него е “штетен и способен да внесе раздор во општеството”, изјави портпаролот на премиерот.
Градоначалникот на Лондон Борис Џонсон ја окарактеризира како “целосна идиотштина” и “смешна” изјавата на Трамп, дека некои квартови на британската престолнина биле толку радикализирани оти полицајците таму се плашеле за живот.
“Единствената причина да ги избегнувам некои квартови на Њујорк е реалната опасност да го сретнам Доналд Трамп”, додаде градоначалникот.
Џоан Роулинг, творецот на книжевниот јунак Хари Потер, исто така, со хумор изреагира на зборовите на Трамп.
“Каков ужас. Дури Волдеморт (злобниот во сагата за Хари Потер) воопшто не може да се мери со таква зло”, напиша таа на Твитер.