Авторот на „Гладијатор“ и „Осмиот патник“ има нова серија: Ќе се наежите од трејлерот

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарниот режисер Ридли Скот, автор на филмовите „Осмиот патник“, „Гладијатор“, „Блејд ранер“, подготви нова серија.

Режисерот на некои од најзначајните филмови на научна фантастика ја сними серијата „Одгледан од волците“, која премиерно ќе биде одржана оваа година, од 3 септември, на новиот стриминг сервис HBO Max.

Серијата е дистописка приказна за два робота кои одгледуваат човечко дете на една колонизирана планета. Тие се програмирани да се грижат за своето дете по уништувањето на Земјата.

Но, судејќи според трејлерот, развојот на настаните е многу покомплициран од оној што накратко ни е опишан.

Тревис Фимел (фановите на „Викинг“ лесно ќе го препознаат како Рагнар) глуми негативец во оваа серија, но трејлерот нè заинтригира доволно за веднаш да го поставиме прашањето – дали тој навистина е лош?

Слични содржини