Авторот на серијата „Squid Game“ потврди: Се снима втора сезона

од Nikola Popovski
717 прегледи

На радост на многубројните фанови, авторот на светски познатата серија „Squid Game“ потврди дека ќе ја снима и втората сезона.

„Има толку голем притисок, толку голема побарувачка и толку многу љубов кога е во прашање втората сезона. Така, на некој начин се чувствувам како да немам избор. Но, ќе кажам дека навистина ќе биде втора сезона. Во главата ми е. Моментално сум во процес на планирање. Но, мислам дека е премногу рано да се каже кога и како ќе се случи ова“, изјави Хванг Донг-Хјук за AP Entertainment.

Нетфликс забележа голем пораст на бројот на нови корисници на платформата во третиот квартал од годината, а сето тоа благодарение на претставувањето на серијата „Squid Game“, пишува Би-Би-Си.

Популарната американска платформа за стриминг доби 4,4 милиони корисници од јуни до крајот на септември, што е двојно повеќе отколку во вториот квартал од 2021 година.

Јужнокорејската хит серија во првите четири недели ја гледале 142 милиони корисници. Меѓу сериите кои привлекуваат нови корисници се и „La Casa de Papel“, „Queen’s Gambit“ и „Sex Education“.

Да потсетиме, „Squid Game“ на Нетфликс му донесе приходи од околу 900 милиони долари, а во снимањето се вложени 21 милион долари. Нетфликс очекува да добие уште 8,5 милиони нови претплатници во последните три месеци од 2021 година.

 

Слични содржини