Азербејџан: 71 војник загина во судирите на границата со Ерменија

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека 71 азербејџански војник загинале во текот на оваа недела во обновените судири на границата со Ерменија, пренесува „Ројтерс“.

Ерменија и Азербејџан, кои со децении се борат за Нагорно Карабах, меѓусебно се обвинуваат дека започнале серија гранични судири на 12 септември.

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе се собере на уште една средба во врска со неодамнешната ескалација на ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница, соопштија ОН.

Слични содржини