Баку се согласи да ослободи 15 заробени ерменски војници, со цел да добие мапи со мински полиња во регионот Агдам, соопшти вчера Министерството за надворешни работи на Азербејџан.
„Според договорот постигнат на 12 јуни 2021 година, со цел да се добие мапа од 97.000 противтенковски и нагазни мини од регионот Агдам, 15 заробени Ерменци беа предадени на Ерменија“, се вели во соопштението пренесено од ТАС С.
Замената беше извршена на азербејџанско-грузиската граница, а медијаторите беа претставници на Грузија.
САД и Русија го поздравуваат договорот за размена на Баку-Ереван
Русија и САД денеска во одделни изјави ја поздравија одлуката на Азербејџан да размени 15 заробени ерменски војници, а за возврат да добијат мапа со мински полиња во областа Агдам.
„Долгоочекувана и одлична вест. Ги поздравуваме овие чекори на страните“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи на нејзиниот канал на Телеграм, пренесува ТАС С.
Преку соопштение Стејт департментот исто така го поздравува ослободувањето на 15 ерменски затвореници, како и одлуката на Ерменија да му обезбеди на Азербејџан важни информации што ќе помогнат во деминирање на теренот.
„САД се задоволни што ги поддржуваат овие чекори и се надеваат дека ќе ги постават темелите за дополнителна соработка“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен.