Азербејџан ѝ предаде на Ерменија 15 воени заробеници, за возврат тие има ја дадоа минската карта

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Главната задача на азербејџанските власти е деминирање на областа во Нагорно Карабах, за да може населението да се врати и да го нормализира животот, поради што нивниот претставник учествуваше на неодамна одржаниот 17-ти Меѓународен симпозиум „Минска акција 2021“, што се одржа од Од 16 до 18 јуни 2021 година во хотелот Wyndham Grand Novi Vinodolski Resort, Нови Винодолски, Хрватска, пренесе „Вечерњи.хр“.

Само неколку дена пред симпозиумот, Азербејџан предаде 15 воени заробеници на Ерменија според мировниот договор со кој се стави крај на конфликтот кон крајот на 2020 година. Воените затвореници беа предадени на границата со посредство на претставници од Грузија. Ерменија за возврат предаде мапа со 100.000 противтенковски и противпешадиски мини поставени во областа Агдам во регионот Нагорно Карабах.

Тој округ е една од териториите што Ерменија мораше да му ги предаде на Баку според мировниот договор постигнат со посредство на Русија.

Од 27 септември до 9 ноември 2020 година, во конфликтот за претежно ерменскиот регион Нагорно-Карабах во Азербејџан, Азербејџан успеа да заземе големи делови од територијата што ја изгуби во претходните конфликти во раните 90-ти. Повеќе од 6.000 луѓе загинаа во тие шестнеделни конфликти во есента 2020 година, што предизвика политичка криза во Ерменија.

Постигнатиот договорот, со посредство на САД и ЕУ, означи редок помирлив гест меѓу двата огорчени непријатели на Јужен Кавказ, Ерменија и Азербејџан.

Слични содржини