Азербејџанските власти соопштија дека 50 нивни војници биле убиени во судирите со ерменските сили на границата со Ерменија, во најтешките борби од војната на двете земји во 2022 година.
Претходно Ерменија соопшти дека во борбите меѓу двете страни кои избувнаа во текот на ноќта загинале 49 ерменски војници.
„Педесет азербејџански војници беа убиени по голема ерменска провокација“, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.
Азербејџан претходно призна дека има „загуби“, без да го наведе бројот.
Ерменија склучи мировен договор со Азербејџан во ноември 2020 година со посредство на Русија, по поразот на ерменските сили во шестнеделната војна за Нагорно Карабах, во која загинаа повеќе од 6.500 луѓе.
Со тој договор, Ерменија изгуби контрола врз дел од Нагорно-Карабах и околните области во Азербејџан по повеќе од 25 години.
Русија соопшти дека посредувала во разговорите и дека Азербејџан и Ерменија постигнале договор за прекин на огнот, изразувајќи надеж дека договорот ќе биде испочитуван.
Фото: NKR InfoCenter/PAN Photo