Азербејџан: Тестирање на комбинацијата меѓу Спутник V и АстраЗенека

од Nikola Popovski
325 прегледи

Азербејџан денес издаде дозвола за клиничко испитување на комбинацијата на вакцини Спутник V и АстраЗенека, што ќе започне кон крајот на февруари.

Првата комбинирана вакцина во светот ќе се направи во согласност со протоколот за клинички испитувања, регистриран на 24 декември минатата година.

Студијата вклучува проценка на имуногеноста и безбедноста на комбинираната вакцина. Истражувањето ќе се спроведува во рок од шест месеци во повеќе земји и ќе вклучува 100 волонтери од секоја.

„Ние мора да се приклучиме на меѓународните напори и да ги користиме најнапредните решенија за да го победиме коронавирусот. Сега користиме две од трите вакцини кои во моментов имаат ефикасност од 90%. Ние сме исто така подготвени да развиеме соработка со други производители со цел да го зголемиме бројот на ефективни и достапни вакцини. Спојувањето на Спутник V и АстраЗенека е првиот и многу важен пример за соработка во светот“, посочи претставникот на руската вакцина Спутник V, Кирил Дмитријев.

Меморандумот за спојување на вакцините го потпишаа рускиот РДИФ, компанијата Р-фарм, Гамалеја Центарот и компанијата АстраЗенека.

„Р-фарм соработува со Азербејџан со години. Оваа пилот-студија е важна за развој на нови методи кои ќе помогнат да се спречи коронавирусот“, рече директорот на оваа компанија, Алексеј Репик.

Вакцината Спутник В користи комбинација на два различни аденовирусни вектори, додека АстраЗенека користи репликациско-оштетен вирусен вектор на шимпанзо, базиран на ослабена верзија на аденовирус.

Слични содржини