Азербејџан вложува 1,3 милијарди долари во реконструкцијата на Карабах

од Nikola Popovski
239 прегледи

Азербејџан има намера да инвестира 1,3 милијарди долари во работите за реконструкција на териториите во Нагорно-Карабах, кои стапија под контрола на Баку, се наведува во предлог-буџетот за 2021 година.

„Планирано е да се потрошат 2,2 милијарди манати за финансирање на обновувањето на ослободените територии“, соопштиле од Министерството за финансии во нацрт-законот, додавајќи дека средствата ќе бидат потрошени за изградба на модерна инфраструктура во населените места и за обновување на историските и културните споменици.

На почетокот на ноември беше потпишано примирје по обновените конфликти меѓу Азербејџан и Ерменија во регионот Нагорно Карабах, според кои двете страни ги задржуваат позициите што ги имаа.

Тогаш Баку доби контрола над неколку области.

Слични содржини