Азербејџан објави амнестија за ерменските борци во регионот Нагорно Карабах

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Азербејџан прогласи амнестија за ерменските борци во регионот Нагорно-Карабах кои го предаваат оружјето, иако некои од нив најавија дека ќе продолжат со отпорот, изјави за Ројтерс Хикмет Хаџиев, советник на азербејџанскиот претседател.

Ерменците, кои сочинуваат мнозинство во Нагорно-Карабах, во четвртокот рекоа дека им се потребни безбедносни гаранции пред да го предадат оружјето, откако Азербејџан објави дека го вратил отцепениот регион под своја контрола по 24-часовната воена операција.

Во интервју за Ројтерс, Хаџиев објави дека Баку планира амнестија за сите борци од Карабах кои ќе го предадат оружјето.

Слични содржини