Сопствениците на iPhone се повикуваат да ги ажурираат своите уреди, со што ќе се активираат нови функции за заштита на податоците и заштита од сајбер-насилници.
Бесплатниот iOS 15.2 ја носи долгоочекуваната алатка App Privacy Report, пренесе „The Sun“.
Сега ќе бидете соодветно информирани за активностите на апликациите, поточно податоците до кои пристапуваат и ги споделуваат со трети страни.
Новина е заштитата на децата од педофили. Apple ќе ги скенира пораките (iMessages) за несоодветни фотографии и ќе ги означува. Оваа опција ја следат родителите.
Ако детето се чувствува загрозено, може да ги предупреди возрасните со притискање на специјално копче.
Ја нагласуваме и функцијата дизајнирана да го информира сопственикот за можна измама, за време на сервисирањето. Ажурирањето на iOS 15.2 препознава дали телефонот добил користен дел или неусогласена компонента.
Ажурирањето е наменето за iPhone 6S и поновите модели, како и за 7-мата генерација на iPod Touch.