Ажурирање ја подобрува дополнително камерата на Huawei P30 Pro

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Huawei P30 Pro веќе има импресивна камера, која е рангирана меѓу најдобрите на пазарот, но компанијата смета дека може да ја направи уште подобра. Доказ за тоа е новата надградба со број 9.1.0.161, која веќе се шири за некои варијанти на моделот и е прашање на време да стигне до сите корисници.

Според листата на промени, со обновувањето се подобрува квалитетот на сликите и боите се пореални. Додадени се уште опција за додавање на второ лице во функцијата за препознавање на лицето, вклучени се „закрпите“ на безбедноста за мај и се направени корекции при прикажувањето на видео, снимено со предната камера.

Описот е краток, но Android Authority е подготвен да ни прикаже споредба на фотографиите пред и по ажурирањето, што покажува дека на некој начин перформансите на камерата се многу различни. За почеток, балансот на белата боја е подобрен, со што се елиминираат сенките на боите кои можат да се појават во некои кадри. Фотографиите на отворено, исто така, покажуваат промена, како што се намалување на сатурацијата на бои и оптимизација на сенки за пореален контраст. Лабораториските тестови исто така покажаа подобрување во точноста на боите.

Во меѓувреме, во Кина веќе се шири и друга интересна надградба за Huawei P30 и P30 Pro. Таа активира т.н. „DC dimming“ метод за управување на осветленоста на OLED екранот на телефоните наместо досега користениот PWM (pulse-width modulation). Вториот се потпира на брзо вклучување и исклучување на пикселите за намалување на осветленоста, што може да доведе до видливо, за некои луѓе, треперење на екранот при ниска осветленост, а тоа предизвикува главоболки кај нив.

Првиот метод го регулира поднесувањето електрицитет кон секој пиксел и го одржува постојано, што го спречува трепкањето. Засега нема информации дали опцијата ќе достигне и до постарите смартфони на Huawei.