Азов објави ФОТОГРАФИИ од уништениот Мариупол

од Nikola Popovski
339 прегледи

Азовскиот полк објави фотографии од воздух од Мариупол на социјалните мрежи. Во градот има уште околу 100.000 цивили. Сите обиди за евакуација преку хуманитарни коридори досега не успеаја.

Да потсетиме, Мариупол е опколен и речиси целосно под руска контрола. Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, проценува дека бројот на убиени во овој пристанишен град од почетокот на инвазијата е над 20.000. Тој додаде дека руските војници намерно им го уништуваат градот на неговите жители.

Тамошните власти соопштија дека речиси сите згради во Мариупол биле уништени во руските напади.

Во својот говор, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша Русија како терористичка држава и ги спореди нејзините акции во Мариупол со оние на нацистите.

 

Слични содржини