Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден има намера повторно да се кандидира на претседателските избори во 2024 година.
„Сè уште не сум ја донел таа формална одлука, но мојата намера е повторно да се кандидирам. Имаме време да ја донесеме таа одлука“, рече Бајден во интервју за MSNBC.
Американскиот претседател истакна дека се уште не донел формална одлука за својата кандидатура и затоа што од тој момент мора да се третира како претседателски кандидат. Тој додаде дека неговата сопруга Џил Бајден го поддржува во оваа намера.
Мојата сопруга мисли дека правиме нешто многу важно и дека не треба да се откажам од тоа“, изјави актуелниот американски претседател.
На 79-годишна возраст, Џо Бајден е најстариот американски претседател кој ужива симпатии меѓу демократите, но голем број од нив се уште се надеваат дека до следните избори ќе се појави некој помлад и помалку ориентиран кон центристиката од него.
Бајден моментално се приближува до средината на неговото четиригодишно претседателствување. Со објавувањето на својата кандидатура за следните избори ќе мора да почитува низа законски прописи.