317
Состојки:
– 150 мл вода
– 150 гр шеќер
– 100 гр путер
– 100 гр чоколадо
– 2 лажички кафе
– 200 гр мелени печени лешници
– 200 гр мелени бисквити
Глазура:
– 100 гр чоколадо
– 2 лажици масло
Подготовка:
Растворете го шеќерот во водата во тенџере на умерена температура, па додајте ги путерот и чоколадото да се растопи.
Потоа додадете кафе и оставете да се вари неколку минути.
Се трга од шпорет, се додаваат бисквитите и лешниците. Ако мислите дека масата е премногу тенка, додадете уште малку бисквити.
Истурете ја смесата во калапот и оставете да се излади еден час, а потоа покријте ја бајадерата со растопено чоколадо и декорирајте по желба.