197
Американскиот претседател Џозеф Бајден го одобри прогласувањето на вонредна состојба во Калифорнија по невремето во кое загинаа најмалку 12 лица во изминатите 10 дена, а стотици илјади домови и бизниси оставија без струја.
Декларацијата за вонредна состојба ја овластува Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) да ги координира напорите за помош при катастрофи и да ги мобилизира ресурсите за итни случаи, соопшти Белата куќа.
Силната тихоокеанска бура во последните денови, придружена со обилни врнежи од дожд и снег, предизвика поплави и лизгање на земјиштето низ Калифорнија, а во Санта Круз подигна огромен бран кој уништи пристаниште, пренесе „Ројтерс“.