Бајден по пукањето во „Волмарт“: Потребна ни е реформа во областа на вооружувањето

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека е потребна реформа во областа на вооружувањето.

Тој ова го изјави по последното масовно пукање во кое загинаа најмалку шест лица во „Волмарт“ во американскиот град Чесапик, Вирџинија.

„Поради уште еден ужасен и бесмислен чин на насилство, сега ќе има уште повеќе празни маси низ земјата за Денот на благодарноста. Како нација, треба да се здружиме, треба да преземеме позначајна акција“, рече Бајден, според Ројтерс.

Слични содржини