29
Жена од Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син во семејниот дом во неколку наврати бил нападнат од неговата баба со тврд предмет.
„На 18.12.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, во неколку наврати, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неговата баба М.М.(54), која употребила и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.