Баба Ванѓа во 1979 година предвидела: „Големиот Владимир ќе владее со светот“

од Milan1

Бугарската јасновидкa Баба Ванѓа, позната и како „Нострадамус од Балканот“, уште во 1979 година предвиде дека „рускиот владетел Владимир“ ќе биде господар на светот.

За време на средбата со писателот Валентин Сидоров, Ванѓа рекла: „Сè ќе се стопи, како мраз, само едно ќе остане недопрено. Слава на Владимир, слава на Русија. Премногу е жртвувано. Никој не може да ја запре Русија. Таа ќе отстрани сè од својот пат и ќе стане господарка на светот“.

Пред нејзината смрт, слепата јасновидка уште еднаш прорече славна иднина за Русија. Таа предвидела дека Русија ќе биде единствената суперсила во светот.

Во текот на 80-тите, Баба Ванѓа рече дека светот е сведок на судбоносни настани. „Двајцата најголеми владетели на светот ќе подадат рака“, рече таа тогаш, а оние кои ги толкуваат нејзините предвидувања го гледаат исполнувањето на пророштвото за крајот на Студената војна.

Баба Ванѓа потоа додала дека светскиот мир нема да се постигне додека не дојде „осмиот“. Многумина толкуваат дека „осмиот“  е всушност Владимир Путин.

Слични содржини