Бабалј Велјановска: На иста линија во одбрана на животот

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот фејсбук профил објави порака од докторката, Ивана Бабалј Велјановска која се приклучи на кампањата „ПразнувајОдговорно“.

Д-р Ивана Бабалј Велјановска, ГОБ „8 Септември“ – „Работиме под голем стрес и неуморно се грижиме за пациентите. Но, желбата да се помогне за највредното нешто на секој човек – животот, во овој тежок период е тоа што ме води и ми дава сила и мотивација за понатаму. Да застанеме сите на иста линија во одбрана на животот. Ние самите, како медицински кадар нема да можеме да се избориме без вашата поддршка. Затоа, почитувајте ги мерките #ПразнувајОдговорно.

Слични содржини