Чешката влада на премиерот Андреј Бабиш се согласи да поднесе оставка еден месец по изборниот пораз на почетокот на октомври, изјави владин извор.
Според „ЧKT“, Бабиш испратил писмо до претседателот Милош Земан во кое го информирал за оставката на неговата малцинска влада.
Кога Земан ќе ја прифати неговата оставка, тој ќе и наложи на владата да ги извршува своите должности до назначувањето на новиот кабинет, што се очекува во наредните недели.
Бабиш и неговите сојузници загубија на изборите на 8-ми и 9-ти октомври од два блока опозициски партии кои веќе се согласија да ја формираат следната влада.