Бабиш за нападот во Чешка во 2014 година: Целта на Русите била испорака за бугарски дилер на оружје

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Експлозијата во магацинот за оружје во Чешка во 2014 година не беше терористички чин и напад врз таа земја, туку на мета било оружје, изјави денеска чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Тој тврди дека руското разузнавање, кое Чешка го обвинува за експлозијата, не ја нападнало Чешка, туку дека нивната цел била испорака на оружје за бугарски дилер на оружје.

Бабиш рече дека извештајот на чешката разузнавачка служба за експлозијата не може да биде објавен поради националната безбедност, јави ТАСС.

Тој исто така истакна дека присуството на припадници на руската воена разузнавачка служба во Чешка е „неприфатливо“.

За време на викендот, Чешка тврдеше дека истите луѓе кои стојат зад експлозијата во градот Врбетица се обвинети за учество во труење на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солсбери во 2018 година.

После тоа, Чешка протера 18 руски дипломати, додека Москва возврати со протерување на 20 вработени во амбасадата на Чешка во Москва.

Слични содржини