Бачев: ДИК ги отфрли листи на НДМ од скандалозни причини, утре ќе објавиме документи

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Oткако ДИК денеска официјално потврди дека само ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите закажани за 5 јуни, а кои е неизвесно дали воопшто ќе се одржат, реагираше НДМ на Јанко Бачев.

bacev

„Народно движење за Македонија на ден 16.05.2016 година (понеделник) ќе одржи прес конференција на која ќе сподели со јавноста документи за скандалозната одлука на ДИК да ги отфрли кандидатските листи на НДМ спротивно од Изборниот законик, односно, не од правни причини, туку од сосема други причини“, стои во најавата од НДМ.

Инаку, листи до рокот доставија ВМРО-ДПМНЕ, НДМ и СДПМ, по што СДПМ се откажа, а НДМ, според ДИК не ги отстрани неправилностите во листите во дадениот рок, па беше отфрлена од изборниот натпревар.