292
Здружението „Бадникови поворки“ денес посети поголем дел од инфективните одделенија низ земјава, со намера да ги израдува, утеши и развесели болните, но и да изрази благодарност за битката која ја издвојуваат здравствените работници.
„Божикни честитки со топли детски пораки и желби за побрзо оздравување на болните, како и традиционални бадникови колачиња за здравствените работници – тоа беа скромните, но со многу љубов подготвени, божикни подароци“, посочија од Здружението „Бадникови поворки”.
Желбите за добро здравје, спокојни празници и што побрзо надминување на здравствената криза, беа обострани.