Баерн го освои петтиот трофеј во 2020-та

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Баерн го освоија Суперкупот на Германија, откако на „Алијанц Арена“ ја совладаа Борусија Дортмунд со 3-2.

Ова е втор втор трофеј на Баварците оваа сезона откако ја совладаa Севиља во Суперкупот на Европа по продолженија со 2-1, и петти во 2020 година откако славеше во Германското првенство и Купот, и Лигата на шампионите

Баерн поведе со 2-0, Борусија успеа да изедначи, а германскиот шампион го реши победникот со трет погодок.

Баварците поведоа во 18-тата минута со голот на Корентин Толисо, а во 32-та минута Томас Милер зголеми на 2-0. Борусија се врати со головите на Џлијан Брант (39) и Ерлинг Халанд (55), но Џошуа Кимих погоди во 82-та за победа на Баерн.

Ова е осми Суперкуп на Баерн, додека Борусија останува во шест титули.

Слични содржини