Баерн го прегази Ајнтрахт на отворањето на сезоната во Бундеслигата

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Баерн забележаа убедлива победа на стартот од Бундеслигата. Како гости го демонтираа Ајнтрахт во Франкфурт со резултат 6:1.

Избраниците на Јулијан Нагелсман демонстрираа атомски фудбал веќе во првото коло од новата сезона.

Баварците водеа со 2:0 веќе во 11. минута од натпреварот, откако прецизни беа Хосуа Кимих и Бенџамин Павард, а до полувремето мрежата на Кевин Трап ја наполнија Садио Мане, Џамал ​​Мусијала и Серж Гнабри, додека во вториот дел Мусијала постигна уште еден гол, а Коло Муани донекаде го обели образот на домашните со постигнатиот гол за домаќините.

Актуелниот шампион на Германија покажа зошто и оваа сезона е прв фаворит за „салатарата“.

По заминувањето на првиот напаѓач на тимот Роберт Левандовски во Барселона, Јулијан Нагелсман изјави дека баварскиот гигант ќе биде уште посилен од него и се чини дека засега е во право. Разиграниот Баерн лесно правеше акции, а можеше да оствари и поубедлива победа.

Слични содржини