Се ближи почетокот на летото, а со тоа и лудилото на фудбалскиот пазар со оглед на тоа што на 1 јули започнува летниот преоден рок кој секогаш нуди врвни трансфери и интересни трансфер приказни.
Шпекулациите започнаа сериозно, многу се подготвуваат, а се чини дека следното лето би можело да биде напорно во Минхен.
Германските медиуми, меѓу кои и популарниот „Билд“, ја пренесуваат веста дека Баерн е подготвен да го продаде Кингсли Коман (27) ова лето, што можеби нема да им се допадне на навивачите на германскиот гигант.
Коман има договор со Баерн до 2027 година, но на самиот фудбалер малку му е преку глава од Минхен и е подготвен да ја промени средината.
Моменталната вредност на Коман е 65 милиони евра, а Баерн реши да не му создава многу проблеми на овој играч околу евентуален трансфер.
Баварците поставија клаузула од 70 милиони евра и клубот кој ги нуди тие пари може да го купи Коман, доколку најдат заеднички јазик со фудбалерот.
Првите шпекулации велат дека најзаинтересирани се клубовите од англиската Премиер лига, но и од шпанската Ла Лига. Главни кандидати за евентуално доведување на Коман се Челзи, Тотенхем и Атлетико Мадрид, иако претходно понуда за 27-годишниот фудбалер имаше и Манчестер Јунајтед.
Баерн го доведе францускиот репрезентативец во своите редови летото 2017 година од Јувентус, а претходно го носеше дресот на ПСЖ каде ги помина сите младински категории. За репрезентацијата на Франција, Кингсли Коман има 55 настапи и постигнато осум голови.