Баерн на Емирати без навивачи

од Симе Стоиков
255 прегледи

Фудбалерите на Баерн во вторник од 21:00 часот гостуваат кај Арсенал во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. На стадионот Емирати нема да има навивачи на германскиот тим.

Баерн е казнет од Европската фудбалска унија (УЕФА) откако навивачите на клубот од Минхен фрлаа ракети и петарди на теренот за време на осминафиналето против Лацио.

Така, Баерн не може да ги носи гостинските навивачи на еден натпревар, а тоа е токму натпреварот со Арсенал.

Баерн ја прифати казната без да поднесе жалба.

„Едноставно, мора да ја прифатиме казната. Не само што биле користени пиротехнички средства, туку и намерно биле фрлени на теренот, што е директно кршење на правилата. Ова беше толку јасно прекршување на правилата што жалбата беше осудена на пропаст. Мала група криминалци им наштети на сите навивачи и на тимот“, изјави извршниот директор на Баерн, Јан-Кристијан Дресен.

Слични содржини