Баерн најдоа замена за Нојер: „Баварците“ сериозно „загризаа“ за Алисон

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Фудбалскиот клуб Баерн е заинтересиран за голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, пренесуваат германските медиуми.

Алисон на крајот од сезоната би требало да го замени Мануел Нојер во клубот од Минхен.

Германските медиуми потсетуваат дека Нојер има договор со Баерн до 30 јуни следната година. Во случај Нојер да не ја продолжи соработката со Баерн, германскиот клуб ќе го ангажира Алисон, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул.

Алисон има договор со Ливерпул до јуни 2027 година. Тој во клубот пристигна од „Енфилд“ во 2018 година, а досега настапи на 269 натпревари.

Германските медиуми потсетуваат дека Ливерпул веќе најде замена за Алисон, откако на 1 јули следната година во англискиот клуб ќе пристигне голманот на грузиската репрезентација Џорџи Мамардашвили кој моментално настапува за Валенсија.

Слични содржини