359
Официјално, најдобриот фудбалер на светот Роберт Левандовски ќе паузира најмалку четири недели поради повреда, објави неговиот клуб Баерн.
Полскиот голгетер се повреди додека играше за националниот тим, на натпреварот против Андора (3: 0), на кој постигна два гола.
„Левандовски има истегнување на лигаментите на десното колено и ќе отсуствува четири недели“, се вели во изјавата на германскиот и европски шампион.
Тој ќе ги пропушти двата натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, а нема да игра ниту на дербито во Бундеслигата против Лајпциг.
Левандовски постигна 42 гола оваа сезона, на 36 натпревари.