Бафет: Високата инфлација е веќе реалност

од Vladimir Zorba
411 прегледи

Легендарниот инвеститор Ворен Бафет предупреди дека доаѓа сериозна инфлација што ќе влијае на закрепнувањето на американската економија.

„Гледаме значителна инфлација“, рече Бафет на годишното собрание на акционерите на „Беркшир Хатавеј“, што го емитуваше исклучиво „Yahoo Finance“. „Ние ги зголемуваме цените. Луѓето ни ги зголемуваат цени и тоа е прифатено“.

Бафет ги истакна многу повисоките трошоци за челик што влијаат врз компаниите за домување и мебел во Беркшир.

„Луѓето имаат пари во џеб и плаќаат повисоки цени … шопингот скоро полуде“, рече Бафет, истакнувајќи дека економијата е „жешка“.

Слични содржини