Наградата БАФТА на Британската академија за филмска и телевизиска уметност за најдобар филм ја доби „Моќта на кучето“ во режија на Џејн Кемпион.
Кемпион ја доби наградата за најдобар режисер за оваа вестерн психолошка драма, со Бенедикт Камбербач во главната улога.
Наградата за најдобра актерка ја доби Џоана Скалан за улогата во филмот „По љубовта“, а наградата за најдобар актер ја доби Вил Смит за улогата во филмот „Кралот Ричард“.
Епскиот научно-фантастичен филм „Дина“ освои пет награди.
Номинираните можеа да присуствуваат на церемонијата на доделување награди, која минатата година се одржа главно во виртуелен формат поради пандемијата на коронавирусот.
Сепак, овогодинешната церемонија остана во сенка на војната во Украина, а неколку присутни изразија солидарност со Украинците кои се борат, како што пренесува АП, против руската инвазија.