Филмските награди на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) објавија нова награда за најдобар детски и семеен филм.
Наградата за најдобар детски и семеен филм е првата нова награда создадена од БАФТА по воведувањето на наградата за кастинг во 2020 година, а наскоро ќе биде воведена и на Оскарите.
„Пред четири години го имплементиравме најсеопфатниот сет на наградни интервенции во историјата за да ги израмниме терените за талентирани креативци кои работат во филмската уметност. Оттогаш го видовме влијанието на тие промени во четирите години на внесување и гласање – од повеќе гласачи за наградата кои гледаа повеќе филмови од кога било досега до повеќе жени режисерки кои беа номинирани во последните четири години отколку во 77-годишните историја“, рече Сара Пут, претседател на Академијата. Според неа, членството сега е „поразновидно“ и „подобро ги претставува талентираните луѓе“ во филмската индустрија.
Новата награда „ќе ги слави најдобрите филмови кои се привлечни на публиката меѓу генерациите“ и ќе ги „профилира суштинските креативни придонеси на детскиот медиумски сектор“, според БАФТА, како што пренесува „Гардијан“.
БАФТА воведе вкупно 120 измени во 2020 година, а некои од мерките воведени во таа ревизија постепено се укинуваат.
Измени се направени и во дефиницијата за документарен филм и во процесот на потесен избор за анимирани филмови и оние кои не се на англиски јазик.