Бахмут под артилериски оган: Во тек е избезумено, хаотично гранатирање

од Radmila Tasevska
136 прегледи

Градот Бахмут во источна Украина се соочува со силен артилериски оган, а украинските бранители кои се држат со месеци се подготвуваат за нови копнени напади, соопштија локалните власти.

„Градот, предградијата на градот и во основа целата насока на Бахмут и Костијантиновка се под лудо, хаотично гранатирање“, рече Володимир Назаренко, заменик командант на украинскиот баталјон Свобода, додека украинската војска објави дека 16 населби во близина на Бахмут биле бомбардирани.

Претседателот Володимир Зеленски им се заблагодари на украинските војници за „спречувањето на окупаторите да го опкружат Бахмут“. Преземањето на Бахмут ќе ѝ даде на Русија нова основа во регионот Доњецк и ќе претставува ретка победа по неколкумесечни неуспеси.

Бахмут е територијата на која се бори паравоената формација Вагнер, предводена од Евгениј Пригожин, кој тврди дека членовите на таа платеничка организација го окупирале селото Красна Гора, на северниот раб на Бахмут.

Слични содржини