BAIC Stone 01 инспириран од Land Rover Defender

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Кинескиот BAIC има нов бренд на кинескиот пазар и тоа Stone, кој првично го најави електрифицираниот SUV модел Stone 01.

Дизајнот е инспириран од Land Rover Defender, додека неговите димензии изгледаат вака: должина 5050 mm, ширина 1869 mm, висина 1980 mm и меѓуоскино растојание 3010 mm. Исто така, ќе има подолга верзија од 5295 mm.

Сè уште нема слики од внатрешноста, но се вели дека Stone 01 има три реда седишта, со избор на конфигурации со шест или седум седишта.

Stone 01 доби plug-in хибриден погонски систем, кој комбинира 1,5-литарски турбо бензински мотор со 152 КС (служи како генератор), пар електрични мотори (204 КС + 272 КС) и литиум-јонски батерии CATL.

Лансирањето на пазарот се очекува пред крајот на годината, а цената се уште не е позната.