293
Еден од најголемите кантавтори на овие простори, Момчило Бајагиќ Бајага, со години го држеше својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, но никогаш не криеше дека, меѓу другото, за неговата блескава кариера е заслужна неговата сопруга Емилија.
Сепак, според локалните медиуми, Момчило Бајагиќ Бајага се развел од сопругата Емилија.
Инаку, Бајага и Емилија последен пат беа видени заедно во јавноста во 2019 година.
Тие живееле во истото соседство, се запознале во автобус и се венчале во 1989 година.
Нивниот брак траеше три децении, а од љубовта добија две деца, синот Марко и ќерката Ангела.