53
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека сирискиот претседател Башар ал Асад „треба да одговара“ за своите постапки и дека САД ќе работат со своите партнери и засегнати страни во Сирија, помагајќи им да се справат со ризиците.
Во обраќањето од Белата куќа, Бајден рече дека САД официјално не знаат каде е Башар ал Асад, но дека забележал извештаи дека сирискиот претседател побегнал во Москва, пренесе Ројтерс.
Бајден рече дека Сирија е во период на ризик и неизвесност и дека е првпат по неколку години Русија, Иран и милитантната организација Хезболах немаат влијателна улога во таа земја.