Бајден бара вработените во федералните служби да се вакцинираат

од Stefanija Kuzmanovska
345 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден најави серија нови мерки, вклучувајќи задолжителен сертификат за вакцинација за милиони вработени во федералната служба или задолжително носење маски за невакцинирани и одржување социјална дистанца.

Вработените кои немаат потврда дека се вакцинирани ќе треба да се тестираат еднаш неделно, а нивните службени патувања ќе бидат ограничени.

Строгите нови упатства имаат за цел да ја зголемат досега ниската стапка на вакцинација кај огромниот број Американци кои работат во федералните служби и да им дадат пример на приватните работодавци низ целата земја.

Бајден на прес -конференција во Белата куќа во четвртокот рече дека голем број луѓе умираат бидејќи не биле вакцинирани.

„Ова е американска трагедија. Умираат луѓе кои не мораат да умират“, рече американскиот претседател.

Иако нема да се воведе задолжителна вакцинација, ова сепак е голем пресврт за администрацијата на Бајден, која досега отфрлаше каква било можност за присилна вакцинација, апелирајќи до лична одговорност на граѓаните.

Слични содржини