Бајден би „сакал да ја посети“ Украина, но засега не е во план

од Nikola Popovski
228 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден „би сакал да ја посети Украина“, но во моментов нема планови да го направи тоа, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, откако претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси ненадејно ја посети Украина за време на викендот.

Псаки изјави дека Белата куќа ќе продолжи да ја проценува ситуацијата и подвлече дека целта на администрацијата на Бајден е повторно да ја отвори американската амбасада во Киев и да има американски дипломати на лице место, пренесува Ројтерс.

„И знам дека претседателот би сакал да ја посети Украина, но во моментов нема планови за тоа“, рече Псаки.

Слични содржини