177
Г7 и НАТО мора да се држат заедно против руската агресија во Украина, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден во Баварија пред разговорите со германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Рускиот претседател Владимир Путин се надеваше дека „НАТО и Г7 некако ќе се разделат“, рече Бајден.
„Но, не се разделивме и нема да се разделиме“, додаде тој.
„Мораме да се држиме заедно“, му рекол американскиот претседател на германскиот канцелар.
Самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) денеска почнува во Елмау, Германија, а ќе трае до вторник.