Бајден е разочаран што Си Џинпинг нема да дојде на самитот на Г-20 во Индија

од Radmila Tasevska

Претседателот на САД Џо Бајден изјави синоќа дека е разочаран што претседателот на Кина, Си Џинпинг нема да дојде на самитот на лидерите на Г-20 во Индија, додавајќи дека има намера да се сретне со него.

-Јас сум разочаран … но имам намера да се сретнам со него, кажа Бајден во изјава за новинарите во Рехобот бич, Делавер. Не даде детали за таква средба.

Кина на самитот ќе ја претставува премиерот Ли Кианг, претседателот Џинпинг нема да дојде, јавуваат светските медиуми.

Бајден оди во посета на Индија од 7 до 10 септември за учество во самитот на земјите од Г-20 а потоа планира посета на Виетнам, со оглед на тоа што неговата администрација се стреми да ги зацврсти односите на САД со азиските држави.

Кажа дека патувањето на самитот тој го очекува „со нетрпение“, и дека сака да види засилена координација во односите меѓу Вашингтон, Пекинг и Њу Делхи.

-Мислам дека (Индија и Виетнам) сакаат многу потесни односи со Соединетите Држави, и тоа може да биде мошне корисно, изјави Бајден.

Слични содржини