227
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека Групата седум (Г7) е едногласна во пристапот кон Кина и потребата од диверзификација на синџирите на снабдување за да нема зависност од една земја.
„Не сакаме да се оддалечиме од Кина. Сакаме да го намалиме ризикот и да ги диверзифицираме нашите односи со Кина“, рече Бајден на прес-конференција во Хирошима, пренесе „Ројтерс“.
Тој додаде дека многу брзо очекува затоплување на односите со Кина, по заладувањето предизвикано од инцидентот поврзан со соборувањето на кинескиот балон кој леташе над чувствителните воени објекти.