Бајден ги негира доказите на ФБИ дека примал поткуп од украинска компанија

од Stefanija Kuzmanovska
236 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден се насмеа на прашањето за „доказите во досието на ФБИ“ дека тој наводно примил поткуп од 5 милиони долари од украинска енергетска компанија во замена за политичка одлука во времето кога служел како американски потпретседател.

„Каде се парите?“, лежерно возвратил Бајден со контрапрашање, а потоа оценил дека обвинувањата се „куп глупости“, пишува „Њујорк пост“ и потсетува дека Бајден претходно лажеше за неговата вмешаност во меѓународна шема предводена од неговиот син Хантер и брат Џим во времето кога тој беше на позицијата потпретседател на САД.

Бајден се соочува со зголемени докази од Надзорниот комитет на Претставничкиот дом за сомнителни странски милиони кои се слеваат на банкарските сметки на неговото семејство.

Слични содржини