Претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување, Џозеф Бајден, најави дека има намера да остане вклучен во политиката на Демократската партија дури и кога ќе ја напушти функцијата на 20-ти јануари.
На вечерата организирана во знак на благодарност до донаторите на претседателската кампања, тој оцени и дека потпретседателката Камала Харис ќе остане централна фигура во иднината на Демократската партија.
– Никаде не одиш, дете. Не ти дозволуваме, ѝ рекол Бајден на Харис.
Харис најави и дека наскоро ќе почне сериозно да размислува за својата иднина и дали повторно да се кандидира за Белата куќа.
Бајден и Харис приредиле вечера за донаторите на претседателската кампања. Тие им се заблагодариле за рекордните донации и им порачаа да не губат надеж и да останат политички ангажирани.
Демократите собраа околу 2,9 милијарди долари за време на кампањата, додека републиканците собраа околу 1,8 милијарди долари.