Бајден ги посети семејствата на жртвите од пукањето во училиште во Тексас

од Берта Китинска
231 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска се упати во Џувалде, Тексас, за да ги утеши семејствата уништени од најголемото пукање во американско училиште во последнава деценија, во време кога се поставуваат прашања дали неуспехот на полицијата брзо да реагира придонел за бројот на жртвите.

Жителите на Јувалде се гневни поради одлуката на полицијата да му дозволи на напаѓачот да остане во училницата речиси еден час додека чекале во ходникот, а децата во паника повикале 911 да им помогне, пренесе Ројтерс.

Слични содржини